Коментарот на Мураками на дело на Ишигуро!

Еден од најпознатите писатели на светот, Харуки Мураками, неодамна напишал коментар за делото на Ишигуро „На крајот од денот“, кој се појавува во едно специјално издание на книгата на јапонски јазик, издание објавено во чест на Нобеловата награда која Ишигуро ја доби во 2017 година.

haruki_murakami_kazuo_ishiguro

Ова специјално издание неодамна беше издадено од страна на издавачката куќа „Хајакава Паблишинг Корп“.

Мураками (69) се сретнал и запознал со Ишигуро (63) во Токио пред повеќе од 10 години, благодарејќи на претседателот на издавачката куќа, Хироши Хајакава.

Оттогаш тие го продабочувале своето пријателство и кога комуницирале зборувале на англиски јазик и си ги имаат прочитано речиси сите дела.

20180417ygtgs005164_201804181152539643836-nsk

Во коментарот, Мураками напишал дека дел од шармот на делата на Ишигуро било тоа што Ишигуро има пишувано различни типови на долги романи.

Мураками вели: „Тој е возбудлив и прилично мотивиран создавател кој секогаш е во потрага по нови теми.“

Ова е прва „изјава“ на Мураками откако Ишигуро ја доби Нобеловата награда за литература.

Извор.

Leave a comment