Драги вљубеници на книгите,
Покрај сите неизвесности и стравувања, сепак, најголемиот празник за љубителите на книги, Саемот на книга, денес започнува со полна пареа.
Ова е јубилејно 30. издание и сигурна сум дека веќе ја имате подготвено вашата листа со посакувани книги (која постојано се зголемува). На Саемот на книга ќе ги најдете штандовите од речиси сите издавачки куќи од Македонија.

Досега, неколку издавачки куќи издадоа и каталози со своите саемски цени, па подолу можете да кликнете на некои од линковите и да ги разгледате.
Листа со каталози/известувања од издавачките куќи:
ТРИ
Сакам книги
Или-Или
Култура
Антолог
Бегемот
Феникс
Просветно дело
Македоника литера
ПНБ публикации
Темплум (нови изданија)
Арс Ламина (Белетристика)
Арс Ламина (Детски изданија)
Ова се линковите кои ги најдов, но листата ќе биде надополнета доколку најдам уште некој линк.
По повод Саемот на книга, ЈСП воведе две нови автобуски линии, а издавачките куќи најавуваат интересни гостувања, промоции и дружења со читателите.
И за крај, подолу можете да го видите распоредот на штандови во СЦ „Борис Трајковски“ (ВИП Арена):

(сликата е преземена од ФБ групата „Размена на книги“)
Се гледаме на Саем!
