Македонска поезија: „Нерамнотежа“ од Влада Урошевиќ!

Петок е прекрасен ден за споделување македонска поезија, денес изборот падна на една прекрасна песна од Влада Урошевиќ.

Нерамнотежа – Влада Урошевиќ

Се наведнува се наведнува нешто без престан
се наведнуваат ѕидови дрвја кули неба
напразно птиците мазниот ветар го гребат
се наведнуваат предели да ти се заврти свеста.

Нерамнотежа владее меѓу ѕвездите во вселената
паѓаат некои не можејќи да го издржат тој напор
се лизга Архимед отпуштајќи го од рацете стапот
се наведнуваат артистите се наведнува сцената.

Цврстите предмети сè уште стабилноста ја чуваат
но достатно е навечер само очите да ги склопите:
и дигалките и нишалата и светилниците и телескопите
се наведнуваат се наведнуваат се наведнуваат.

03bcd5_a54fab6bcefa47a8b41559f9f04d60a6

 

 

Leave a comment