Томас Ман: „Насмевката е сончева светлина за душата!“

Томас Ман е еден од најпознатите германски писатели и еден од највлијателните писатели од својата ера. Се родил на 6 јуни 1875 година во германскиот град Либек, а по смртта на татко му, семејството се преселило во Минхен, каде што Томас Ман завршил високо образование. Додека бил на факултет тој читал многу книги, а најголемо влијание врз него имале Фридрих Ниче и Артур Шопенхауер.

mann

Томас Ман ја започнал својата писателска кариера во списанието „Симплицимус“, каде ги објавувувал своите кратки раскази. Најпознати дела му се: „Смрт во Венеција“, „Магичната планина“, „Кралско височество“.

Поради своите дела и творештво тој ја добил Нобеловата награда за книжевност во 1929 година, а по доаѓањето на нацистите на власт тој се преселил во Швајцарија, па потоа во одреден период живеел во САД и по некое време се вратил во Швајцарија, но никогаш повторно не се вратил да живее во својата родна Германија.

Денес на блогот прочитајте дел од неговите интересни и прекрасни мисли!

„Љубовта, а не разумот, е таа која е посилна од смртта.“

„Толерантноста станува криминал кога се однесува на злото.“

„Во книгите никогаш не наоѓаме ништо друго освен себеси. За некое чудо, тоа секогаш ни дава големо задоволство и велиме дека авторот е генијален.“

„Насмевката е сончева светлина за душата.“

„Самотијата создава оригиналност, храбра и неверојатна убавина, поезија. Но, самотијата истовремено ја создава перверзијата, го поттикнува непропорционалното, апсурдното и забранетото.“

„Војната е само кукавичко бегство од проблемите за време на мир.“

„Писател е оној на кого пишувањето му оди потешко отколку на другите луѓе.“

„Оној што сака повеќе е инфериорен и сигурно ќе страда.“

b_laughter

„Со голем човек често доаѓаат и големи грешки.“

„Постои само една вистинска несреќа: Да се изгуби сопственото добро мислење за себе. Изгуби го своето самозадоволство и откако ќе го предадеш сопствениот самопрезир, светот без двоумење ќе го поддржува. “

„Дури и штетната вистина е подобра од корисната лага.“

„Многу луѓе имаат бесмислен живот. Како да се во некој полусон, дури и кога прават нешто што мислат дека им е важно. Тоа е поради тоа што трчаат по погрешни работи. Единствен начин преку кој можеш да внесеш смисла во твојот живот е да се посветиш на љубовта кон ближниот, да се посветиш на заедницата која те опкружува и да создадеш нешто што на твојот живот ќе му даде смисла и цел.“

„Кога планираме потомство, мораме да имаме предвид дека доблестите не се наследни.“

„Целиот тој интерес за болести и смрт е само поинаков интерес за животот.“

„За што би служела политиката, ако не им даваше на сите можност да прават морални компромиси?“

„Од историските дела дознаваме повеќе за историчарите отколку за историјата.“

Leave a comment