5 книги кои Бил Гејтс ви ги препорачува за ова лето!

Веќе е добро познато дека Бил Гејтс обожава да чита и обожава да ги споделува книгите кои ги чита на својот блог. Деновиве тој повторно објави листа со книги кои тој смета дека треба да ги прочитате ова лето и кои со задоволство ги препорачува.

105218402-bill_gates_summer_books_2018_photo_credit_the_gates_notes_llc-1910x1000

Еве за кои книги се работи:

Леонардо да Винчи“ – Волтер Ајсаксон

34684622

Што вели Бил Гејтс за книгата?

„Мислам дека Леонардо е еден од најфасцинантните луѓе кои некогаш постоеле. Иако денес е најпознат по неговото сликарство, Леонардо имал неверојатно широк опсег на интереси, од човечката анатомија до театарот. Ајсаксон е човекот кој најдобро го има направено поврзувањето на различните делови од животот на Леонардо и објаснува зошто бил толку извонреден. Ова е одлично продолжување на серијата одлични биографии на Ајсаксон, како оние на Алберт Ајнштајн и Стив Џобс.“

Сѐ се случува со причина и други лаги кои ги сакав“ –  Кејт Боулер

35133923

Што вели Бил Гејтс за книгата?

„Кога на Боулер, професорка на училиштетот „Дјук Дивинити“, ѝ е дијагностициран рак на дебело црево и тоа во поодмината фаза, таа одлучува да разбере зошто и како се случило тоа. Дали е тоа тест за нејзиниот карактер? Резултатот од тоа е трогателен и изненадувачки духовит мемоар за вербата и за соочувањето со сопствената смртност.“

Линколн во Бардо“ – Џорџ Сандерс

29906980

Што вели Бил Гејтс за книгата?

„Мислев дека знам сѐ што треба да се знае за Абрахам Линколн, но оваа книга ме поттикна одново да размислам за некои делови од неговиот живот. Оваа книга спојува историски факти од Граѓанската војна со фантастични елементи. Во суштина се работи за долг разговор помеѓу 166 духови, вклучувајќи го и починатиот син на Линколн. Добив еден нов поглед на тоа како се чувствувал Линколн и како бил притиснат од товарот на тагувањето и одговорноста. Ова е една од оние фасцинантни и двосмислени книги кои ќе сакате да ги дискутирате со пријател.“

Приказна за потеклото: Голема историја на сѐ“ – Дејвид Кристијан

36204285

Што вели Бил Гејтс за книгата?

„Дејвид е човекот кој го создаде мојот омилен курс, „Големата историја“. Ја раскажува приказната за Универзумот, од „големата експлозија“ до денешните комплексни општества, спојувајќи различни увиди и докази од различни дисциплини во еден целосен наратив. Ако не сте го следеле овој курс, оваа книга е одличен вовед. Ако сепак сте го следеле овој курс, оваа книга е одличен потсетник. Како и да е, оваа книга ќе направи повеќе да го цените местото на човештвото во Универзумот.“

Фактичност“ –  Ханс Рослинг, Ола Рослинг и Ана Рослинг Ронлунд

34890015

Што вели Бил Гејтс за книгата?

„Јас ја препорачувам оваа книга уште од денот кога излезе. Ханс, брилијантниот предавач за глобалното здравје и кој почина минатата година, ви го отвора патот кон разбирањето и дознавањето на основните вистини за светот: Како светот станува подобар и каде светот треба да се подобрува. Воедно дава и незаборавни анегдоти од својот живот. Ова се последните зборови од еден брилијантен човек и една од најдобрите книги кои ги имам прочитано.“

Во продолжение погледнете го и видеото на Бил Гејтс:

 

Leave a comment