Меѓународен фестивал за балканска проза „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје!

Вчера започна Меѓународниот фестивал за балканска проза „ПРО-ЗА Балкан“ кој годинава по шести пат се одржува во Скопје. Овие неколку дена (фестивалот се одржува од 27 до 29 мај) љубителите на пишаниот збор имаат можност да посетат неколку настани на неколку различни локации во Скопје.

32815918_1856933940995599_1034141641415327744_o

Па така, денес, со почеток од 11 часот, во ЕУ Инфо Центар се одржува тркалезна маса „Балканските класици во Европската литература”.

Подоцна, во книжарницата „Икона“ во Скопје Сити Мол, со почеток од 18:30 часот, писателите – гости на фестивалот: Роберт Перишиќ, Фросина Пармаковска, Лејла Каламујиќ, Ајфер Тунч и Јуриј Худолин ќе потпишуваат книги и ќе се сретнат со своите читатели, па така ќе имате можност да се запознаете со нив и да поразговарате за нивната работа.

На 29 мај (вторник), со почеток од 19:30 часот, во Даут Пашин Амам, ќе биде доделена наградата „Прозарт“, а писателите ќе читаат извадоци од своите дела и воедно со тоа фестивалот ќе биде официјално затворен. Беше најавено и гостувањето на Светислав Басара, кој мораше да го откаже своето присуство од здравствени причини.

Изберете настан и бидете дел од единствениот фестивал за балканска проза!

Leave a comment