4 најдобри веб-страници за читање книги!

Многумина сѐ уште не можат да навикнат на читање од лап-топ, таблет или мобилен, но има луѓе кои претпочитаат да читаат книги на ваков начин. Но, понекогаш е тешко да се најдат добри страни кои нудат цели книги за читање и тоа на едноставен начин. Денес на блогот прочитајте неколку предлози, па дури и ако не сте обожавател на ваквото читање, сепак можеби ќе дадете шанса и ќе се обидете!

ebook-reading

Проект Гутенберг (Project Gutenberg)

Оваа веб страна има за цел да дигитализира што е можно повеќе класици и да го промовира електронското читање. Всушност „Проект Гутенберг“ е револуционер во своето поле. Овој проект започнал во 1971 година со дигитализацијата и објавувањето на првата „е-книга“ – Декларацијата за независност и оттогаш оваа страна е стандардот за е-книги. Повеќето веб-страни кои нудат бесплатни е-книги ги преземаат книгите токму од овој јавен домејн. Самата страна нуди и можност за симнување на книгите, но и онлајн читањето е навистина лесно преку оваа страна.

Читај ја која било книга (Read Any Book)

Книгите на Стивен Кинг, Ј.К.Роулинг и многу други се достапни на оваа страна. Иако форматот за онлајн читање не е баш идеален, сепак не е ни толку лош. Проект Гутенберг нуди полесен начин за читање онлајн, но сепак лесно може да се снајдете.

Смешвордс (Smashwords)

Смешвордс е убедливо најголемата и најразвиената платформа за независни писатели и издавачки куќи, со повеќе од 70.000 бесплатни книги. Пребарувањето е лесно и корисно, a се смета и за најдобра онлајн платформа за читање книги, бидејќи можете да си ги прилагодувате и големината на буквите, но и самиот фонт.

Букрикс

Букрикс е бесплатна платформа за само-издавање, која нуди услуги за дистрибуирање на е-книги на самостојни писатели. Корисниците можат да споделуваат свои записи, да се поврзуваат со други читатели и да откриваат многу нови автори и книги.

 

 

 

 

 

Leave a comment