Милан Кундера: „Човек кој се нашол надвор од светот, не е чувствителен на болката на светот!“

А како ќе го објасниш тоа што цветот се развива баш тој ден, а не некој друг? Доаѓа неговото време. Желбата за самоуништување растеше по малку и еден ден таа повеќе не можеше да ѝ одолева.

Неправдата којашто ѝ се случи, претпоставувам, беше мала: луѓето повеќе не ја отпоздравуваа, никој повеќе не ѝ се насмевнуваше, чекаше во пошта на ред и некоја дебела жена ја избутка и претекна, беше вработена како продавачка во продавница на големо и надредениот ја обвини дека лошо се однесува кон клиентите. Илјада пати сакаше да се спротистави и да викне, но никогаш не се одлучи да го направи тоа, затоа што имаше слаб глас кој во моменти на вознемиреност ѝ прескокнуваше.

be4ecd8bde5de4846aa79401962b64b8

Беше послаба од сите и беше постојано навредена. Кога на човек ќе му се случи нешто лошо, човекот од себе го префрла тоа на другите. Тоа се нарекува спор, кавга или одмазда. Но, слабиот човек нема сила да го отфрли лошото кое го затекнува. Неговата сопствена слабост да го отфрли злото го навредува и го понижува и пред неа тој е целосно немоќен. Не му останува ништо друго освен да ја уништи својата слабост заедно со самиот себе. И така се роди нејзиниот сон за сопствената смрт.

Таа сама во себе го носеше животот како нешто монструозно, нешто што го мрази и од кое не може да се ослободи. Затоа и толку многу сакаше да се отфрли самата себе, онака како што се фрла свиткана хартија или гнили јаболки. Сакаше да се отфрли себеси, како таа која отфрла и таа која е отфрлена, да се две различни личности.

Кога ќе викнеше по некого, никој не ја слушаше. Го изгуби светот. Кога велам светот, мислам на оној дел  кој одговара на нашите повици (па макар и со речиси нечујно ехо), а чии повици ние самите ги слушаме. За неа, светот стана нем и престана да биде нејзин свет. Беше сосема затворена во себе и во своето страдање.

Човекот кој се наoѓа надвор од светот, не е чувствителен на болката на светот.

~ Милан Кундера, „Бесмртност“

Leave a comment