Зошто љубителите на книги ги чувствуваат работите многу подлабоко од останатите?

Љубителите на книги се исти како и останатите луѓе, со таа разлика што се чини дека тие ги чувствуваат сите работи многу подлабоко. Секое чувство оди на некое подлабоко ниво. А во продолжение прочитајте и неколку причини за тоа зошто е ова вака.

1_C76PXdoMXtysxqiwkS5iow

Љубителите на книги ги чувствуваат истите чувства како и ликовите на книгите кои ги читаат

Секој љубител на книги ќе се препознае во ова. Кога ќе сeднеме и кога ќе почнеме да читаме, кога ќе навлеземе во приказната, по некое време чувствуваме како и нашето расположение се менува врз основа на развојот на приказната. Ако стигнеме до некој тажен дел, сѐ околу нас делува сиво, а кога читаме среќна приказна, тогаш и самиот ден е поубав и повесел. Дури и кога ќе ја оставиме книгата, во нас остануваат дел од чувствата кои главниот лик ги чувствува.

Љубителите на книги се чувствуваат како да се внатре во книгата

Ние ги читаме книгите во кои уживаме и можеме да се поврземе и да учиме од нив, затоа што тоа е она што го сакаме во животот. Па затоа, кога книгата навистина ќе ни „легне“, сите посакуваме да бидеме внатре во книгата и да го искусуваме истото што го искусуваат ликовите кои ги сакаме. Сакаме да одиме по истиот пат и да ги имаме истите авантури. Сите книги во себе имаат можности и ние почнуваме да размислуваме на тој начин. Сѐ си има некаква приказна.

reading-childrens-books

Љубителите на книги читаат меѓу редови

Нашите очи не прелетуваат само меѓу страните. Ние ги примаме работите, ги анализираме, ги превртуваме наопаку, го менуваме аголот од кој ги гледаме работите. Ова важи и за книги, но и за животот. Ние постојано бараме смисла и причини за работите во животот.

Љубителите на книги се полни со сочувство

Ова дури е и научно докажано. А како и би можеле да прочитаме книга без да имаме отворен ум и разбирање за туѓите чувства и гледишта? Љубителот на книга истовремено сака да ја поедностави, но и да ѝ даде длабочина на ситуацијата.

Љубителите на книги се приврзуваат – брзо и лесно

Ова истовремено е и благослов и клетва. Дури и во работите и луѓето кои не ни се допаѓаат, ќе најдеме нешто што ни се допаѓа. Некои љубители на книги секогаш одат на сѐ или ништо, а некои пак многу лесно „паѓаат“. И тоа е супер. Страствените читатели сакаат да чувствуваат работи кои обично не ги чувствуваат, па дури и на најмалата можност за нешто добро – сите ја зграпчуваме таа можност.

Можеби нема сите да се сложите со ова, но ќе кажам една работа: Никогаш не сум запознала љубител на книга кој не ми се допаднал како човек.

 

Leave a comment