Како и секое лето, така и ова, „Или-Или“ нудат големи попусти на своите книги. И како и секоја година, човек може да избира помеѓу големиот број прекрасни наслови и значително да ја освежи својата библиотека. Сепак, оваа година има уште една одлична новост, а тоа е дека и издавачката куќа „Бегемот“ ги здружува силите со „Или-Или“ и овие две издавачки куќи првпат имаат соработка од ваков тип, за, како што велат, „отворање на книжевен мост кон почитувачите на квалитетната литература“.

Попустите ќе започнат од утре (21 јуни), а ќе траат се до 1 септември. Попустите ќе се движат од 30% до 70%.
На официјалниот настан на Фејсбук пишува: „Меѓу понудените 200 наслови секој од читателите ќе може да пронајде нешто за себе, од Нобеловци и наградени европски и светски автори, се’ до книгите на новата генерација на македонски писатели, и со тоа да ја збогати својата домашна библиотека со возбудливи книжевни остварувања. Во рамките на „Летни приказни“ ќе бидат промовирани и неколку нови изданија, за што ќе бидете навреме известени.
Инаку ова е јубилејно, 10. издание на „Летни приказни.“
Одлична можност да си ги подновите домашните библиотеки со квалитетни наслови. За да имате увид во книгите кои се на попуст – следете го официјалниот настан на Фејсбук каде што го има и ценовникот.
Се гледаме таму!
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук
