Што читаше Кафе и книги во јуни?

Нов месец, нови можности за читање нови книги.

Многумина токму во јули ќе одат на одмор, па можеби некој од овие предлози ќе ви го привлече вниманието!

Чиста анархија“ – Вуди Ален

431_55_17_16__15__5_201224
Оцена: 3.5/5
Осврт: Секој кој барем малку е запознаен со филмското творештво на Вуди Ален, знае дека Вуди Ален е сосема поинаков и невообичаен во своето творештво. Па не треба да очекувате ништо помалку и од оваа збирка раскази која сосема соодветствува со насловот. Луцидноста и ексцентричноста на неговото пишување сосема доаѓаат до израз тука преку различните раскази. Неговиот сарказам и иронија ќе ве насмејат, а ќе најдете и неколку интересни поенти под површината на самите раскази. Се разбира, како и во секоја збирка, некои раскази се подобри, некои можеби нема да ви фатат око, но во секој случај вреди да ја земете оваа книга во рака и да продрете малку во умот и светот на Вуди Ален.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: ИЛИ-ИЛИ

Жената на прозорецот“ – А.Џ. Фин

45_41_52_11__2__5_2018zenata-na-prozorecot

Оцена: 2.5/5
Осврт: Оваа книга направи вистинска експлозија кога излезе, имаше одлична PR кампања, но во суштина не е ништо повеќе од просечните трилери кои досега сме ги читале. Ана е главниот лик во оваа книга, која по една несреќа престанува да излегува од својот дом, па така има многу слободно време да чита, да седи на интернет, да пие вино и да ги шпионира своите соседи. Во една прилика се запознава со својата сосетка и нејзиниот син, а една вечер е сведок на една ужасна сцена, но никој не и верува на зборот бидејќи истата вечер пие апчиња во комбинација со алкохол и нејзото помнење не е баш најјасно. И таа е решена да ја дознае вистината. Она што не ме воодушеви кај оваа книга е тоа што веќе како по шаблон се прават трилерите. Ако ви треба лесно четиво, дајте ѝ шанса на оваа книга.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: САКАМ КНИГИ

Зборови“ – Жан-Пол Сартр

koritsa-zborovi

Оцена: 4.5/5
Осврт: Во последно време уживам да читам извадоци и размислувања на Сартр кој навистина ме фасцинира со своето пишување, па така навистина се израдував кога налетав на оваа книга и уживав во секоја страна. Она што ја прави оваа книга посебна е што самиот Сартр се става себеси на тапет и ни дозволува да навлеземе и да ѕирнеме во многу емоционално интимни делови од неговиот живот – неговото детство. И секако – зборовите, зборовите и нивното влијание врз него, но кога ќе навлеземе во подлабоката суштина, читателот може да се поврзе на начин што и тој самиот ќе размисли за тоа колку зборовите, јазикот и книгите имале и имаат влијание врз неговиот живот. Дури и да не сте љубител на филозофија, оваа книга ќе ве допре на посебен начин.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: ПОЛИЦА

Светот на рамена“ – Џенифер Нивен

590_47_22_11__12__4_2017411_21_57_12__10__4_2017screen-shot-2017-04-10-at-12-56-03

Оцена: 2/5
Осврт: Доколку сте во потрага по лесно четиво за на плажа, ова е таква книга. Се работи за двајца средношколци, Либи и Џек. Либи по смртта на нејзината мајка паѓа во депресија и јаде до степен да мораат да ја извадат од нејзината куќа со кран, а потоа минува низ терапии и конечно почнува одново да го гради својот живот. Џек е популарно момче кое има ретко нарушување поради кое не помни лица, дури и лицата на неговите најблиски. По игра на случајност, тие се запознаваат и оттука почнува да се развива приказната. Очекував малку повеќе длабочина, но не е лоша за опуштање од секојдневните обврски.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: АРС ЛАМИНА

 

Leave a comment