Наскоро ќе излезе еден прекрасен филм „Книжарница“, кој според промотивното видео ќе биде одлична приказна која нема да остави никого рамнодушен, особено љубителите на книги.

Снимен според истоимената книга на Пенелопе Фицџералд, „Книжарница“ е филм чие дејство се случува во еден мал град во Англија во 1959 година. Една жена решава да отвори книжарница и покрај сите противења, а ќе се покаже дека таа одлука ќе прерасне во политички натпревар и пресметки.
Сценариото го напиша Изабел Коиксет, која е и режисерка на филмот. Главните улоги ги толкуваат Емили Мортимер и Бил Нај (можеби се сеќавате на него од филмот „Love Actually) кои заеднички се обидуваат да донесат култура во еден мирен и досаден град, чин кој ќе им донесе многу непријатели.
Филмот ќе излезе на 29 јуни, а јас со нетрпение го чекам денот кога ќе го гледам!
Погледнете го и трејлерот за филмот!
