10 интересни факти за „Одвеано со виорот“!

На 30 јуни 1936 година била издадена една од најпознатите книги на сите времиња, „Одвеано со виорот“ од Маргарет Мичел. Благодарение на книгата, кинематографијата се збогати со еден од најпознатите филмови на сите времиња. Кој може да остане рамнодушен на приказната за Ред Батлер и Скарлет О’Хара, а репликата „Искрено, драга, ама баш ми е гајле“ од филмот е една од најпознатите реплики на сите времиња.

gone_primary

Неодамна излезе и македонскиот превод на книгата во издание на Арс Ламина, а во чест на овој ненадминлив класик кој ја има добиено и Пулицеровата награда, денес на блогот можете да прочитате неколку интересни факти кои можеби и не сте ги знаеле.

Маргарет Мичел ја напишала книгата затоа што ѝ било досадно

Здодевноста е причината поради која 25-годишната Маргарет Мичел ја напишала оваа прекрасна книга. Мичел била новинарка за неделниот магазин „Атланта Журнал“ и земала боледување поради тоа што ѝ било потребно време за да заздрави од „серија од повреди“, вклучувајќи и повреда на зглобот. Кога излегло дека зглобот не заздравува баш толку бргу, таа решила да се занимава со пишување, за побрзо да ѝ помине времето.

Речиси никој и не знаел дека таа пишува книга

Иако Мичел потрошила неколку години работејќи на ликовите и разработка на заплетот, речиси никој не знаел дека пишува книга. Таа направила сѐ за да го сокрие своето пишување од пријателите и семејството, вклучувајќи ги и моментите кога ги фрлала листовите под тепих секогаш кога некој ненајавено ќе се појавел.

Мичел немала намера да ја издаде книгата

И покрај тоа што потрошила години од животот работејќи на романот, таа немала некоја голема намера да ја издаде. Кога нејзина „пријателка“ слушнала дека Маргарет имала намера да напише книга (која всушност веќе била напишана) изреагирала во стилот: „Замисли, ти да пишуваш книга!“ Тоа многу ја изнервирало, го земала нејзиниот огромен ракопис и му го дала на некој уредник во „Макмилијан“. Подоцна се каела поради ова и му пратила телеграма на уредникот во која му порачала: „Се премислив. Врати ми го ракописот.“

Скарлет оригинално се викала Панси

Можеби сега сите ја знаеме како Скарлет, но хероината на „Одвеано со виорот“ со години се викала Панси. И најверојатно така и ќе останело доколку издавачот не ја замолил да го смени името. А Мичел подоцна ѝ напишала на една другарка: „Што се однесува до мене, може да ја викаме и Ѓубре О’Хара. Само сакам да ја завршам проклетава работа.“

Кога веќе сме кај имиња…

Кога веќе зборуваме за промени на имиња, во рани верзии на „Одвеано со виорот“ домот на О’Хара е именуван како „Фоунтенхој Хал.“

Док Холидеј ѝ бил роднина на Мичел

Постои уште една јужњачка легенда во фамилијата Мичел: пиштолџијата и забар Док Холидеј ѝ бил роднина на Мичел преку бракот. Многу луѓе веруваат дека нејзиниот познат роднина бил инспирација за Ешли Вилкс.

675_7_39_9__27__4_2018odveano20od20viorot

Мичел нема поим што се случило со Скарлет и Рет

Додадете ја и Маргарет Мичел на листата со луѓе кои немаат поим што всушност се случило со Скарлет и Рет. Таа оставила нејасен крај дури и во нејзината глава. Во едно интервју за списанието „Јенк“ во 1945 година, таа изјавила: „Од каде да знам, можеби Рет нашол некоја друга која била малку помалку комплицирана.“

Дури и ако ја немате прочитано книгата, сигурно сте слушнале за последната реченица: „Утре е нов ден.“

Ова всушност било и првичната замисла за насловот на книгата. Мичел едно време размислувала да ја именува книгата „Трубите свиреа Вистина или не во нашите ѕвезди“. Насловот за кој се одлучила и кој денес сите го знаеме доаѓа од една поема која се вика „Sum Qualis Eram Bonae sub Regno Cynarae“ од Ернест Досон:

„Многу имам заборавено, Синара! Одвеано со виорот,
Прелеани рози, рози бурни со толпата,
Танцување, да се стават твоите бледи, изгубени лилјани надвор од умот.”

Романот имал многу критичари и противници

Иако денес оваа книга се смета за класик, не биле баш сите нешто воодушевени кога првпат била објавена, вклучувајќи ги и критичарите. Ралф Томпсон, книжевен критичар за „Њујорк Тајмс“ бил сосема неимпресиониран. Еве дел од неговите критики:

„Историската позадина е главната доблест на оваа книга и всушност приказната за времињата, а не неубедливиот и донекаде апсурден заплет, дава некаква важност на книгата на госпоѓица Мичел.“

„Госпоѓица Мичел пишува од некој сосема неопределен поглед на нештата.“

„Имам чувство дека книгата би била многу подобра ако била скратена и намалена на 500 страни, но тука зборува мачениот дневен критичар, како и оној критичар во прогрес. Речиси секој читател ќе се согласи, без сомнение, дека подисциплинирано и помалку блудно дело подобро би ја претставило темата на книгата.“

На крајот Томпсон неволно признава дека „секоја прва книга од над 1000 страни е достигнување и писателката на „Одвеано со виорот“ заслужува признание за целото истражување, како и за самото пишување.

Оваа книга поставила рекорд со филмските права

Кога филмскиот могул Дејвид О. Селзник ги купил правата за филмот за 50.000 долари во 1936 година, тоа било највисоката цена дотогаш платена за права за книга. Мичел одбила да биде вклучена во продукцијата на филмот, иако рекла дека навистина ѝ се допаднал, со исклучок на неколку детали.

Иако потрошила години пишувајќи го ова ремек дело, Мичел кратко уживала во славата на нејзиното дело (иако по успехот на книгата живеела повлечен живот и не сакала да се истакнува многу). На 11 август  1949 година била удрена од автомобил и починала по неколку дена.

Извор.

Leave a comment