Отворање на книжарница „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“!

За љубителите на книги никогаш доста од книжарници! Па така, „Литература.мк“ решија да ги израдуваат своите читатели, па покрај двете постоечки книжарници на улица „Македонија“ и во ТЦ „Рамстор“, тие најавија  уште една книжарница и тоа во „Скопје сити мол“.

36981929_1556406381131234_5682643685712330752_o

Големото отворање на третата книжарница „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“  ќе се случу на 14 јули (сабота) на вториот кат!

Од „Литература.мк“ најавуваат дека отворањето ќе се одбележи со намалување од 30% на целиот асортиман и гратис книга со секоја сметка над 500 денари во текот на целиот ден, а покрај ова следуваат и други мали изненадувања, особено за најмладите.

Сигурна сум дека ова е одлична причина и повод во сабота да се упатите кон „Скопје сити мол“!

Официјалниот настан на Фејсбук можете да го погледнете тука.

 

*сликата е преземена од официјалниот Фејсбук настан

Leave a comment