Ноам Чомски за тоа што значи да се биде образована личност…

Што значи да се биде навистина образован?

Мислам дека не можам подобро да го одговорам ова прашање за тоа што значи да се биде навистина образована личност од тоа да се вратам назад кон некои од класичните погледи на оваа тема. На пример, гледиштата изразени од основачот на модерниот систем на високо образование, Вилхелм вон Хумболт, водечки хуманист, лик од просветителството кој опширно пишувал за образованието и човековиот развој и мислам дека прилично разумно тврдел дека главниот принцип и критериум за исполнето човечко суштество е неговата способност конструктивно да истражува и да создава и да го прави тоа независно, без надворешни контроли.

noam_chomsky_1718483346

Да се префрлам на еден модерен колега, водечки физичар кој зборувал токму тука (на МИТ, м.з), кој на своите часови велел дека не важно што предаваме и поминуваме на часот, важно е што откриваме.

Да се биде навистина образован од ова гледиште значи да се биде во позиција да се истражува и да се создава врз основа на извори кои ви се достапни и кои можете да ги сфатите и да ги цените. Да знаете каде да барате, да знаете како да формулирате сериозни прашања, да предизвикувате стандардни доктрини доколку тоа е соодветно, да го пронајдете сопствениот пат, да ги обликувате прашањата кои вредат да бидат истражени и да го развиете патот за да стигнете до нив.

Тоа значи да знаете и сфаќате многу работи, но уште поважно од работите кои ги имате складирано во глава е да знаете каде да барате, како да поставувате прашања, како да предизвикувате, како независно да продолжите, да се справувате со предизвиците кои светот ви ги дава и тоа дека треба да го развиете курсот на вашето сопственото надоградување, истражување и истрага во соработка и солидарност со другите.

Тоа е она што еден образовен систем треба да негува од градинка до факултет и во најдобрите случаеви тоа се случува, а тоа води кон создавање на луѓе кои се, барем по моите стандарди, добро образовани.

– Ноам Чомски

 

Погледнете го и видеото:

Leave a comment