Денес на блогот читаме македонска поезија, изборот падна на „Лажно време“ од Раде Силјан.
Лажно време – Раде Силјан
Си имаме море несолено
Си имаме поле неорано
Си имаме народ за броење
Си имаме жени доилки
Си имаме семе изртено
Сѐ си имаме
И време за распродажба
И деца за прокуда
И сонце што не заоѓа
Си имаме море несолено
Си имаме многу татковини
Сѐ си имаме
А утре
Можеби народ ќе немаме

