Како да препознаете дистопија?

Дали некогаш сте се обиделе да замислите идеален свет?
Свет без војна, сиромаштија или криминал?

Ако одговорот на ова прашање е „да“, тогаш не сте единствени.

Плантон замислувал просветлена република водена од филозофи, многу религии ветуваат среќа во задгробниот живот, а низ историјата, различни групи се обидувале да го создадат рајот на Земјата. Книгата „Утопија“ на Томас Мор од 1516 година му го дава името на овој концепт, а зборот има грчко потекло и значи „место кое не постои.“

s-55ffd8e0191093fd10043a9ee3dc04686da1c392

Иако самото име значи нешто неостварливо, модерниот научен и политички прогрес ги подгреал надежите дека овие соништа конечно ќе станат реалност. Но, одново и одново, овие соништа се претворале во кошмари исполнети со војна, глад и репресија. И како што уметниците и писателите започнале да се сомневаат во утописките гледишта, така се родил и дистопискиот жанр.

Едно од најраните дистопски дела е „Гуливеровите патувања“ на Џонатан Свифт. Низ неговите патувања, Гуливер се запознава со замислени општества кои иако најпрво делуваат импресивно, на крајот сепак излегува дека имаат сериозни маани.

На летачкиот остров Лапута, научниците и општествените планирачи се во потрага по екстравагантни и бескорисни шеми додека ги запоставуваат практичните потреби на луѓето кои живеат долу. Понатаму, луѓето во земјата на Хуинхм живеат во совршена логична хармонија и немаат толеранција за несовршеностите на луѓето.

Со овој роман, Свифт ги поставува основите на дистопијата, замислувајќи свет во кој одредени трендови во модерното општество се претставени во својата екстремна форма, изнесувајќи ги нивните маани.

maxresdefault

А следните неколку векови ќе обезбедат прилично многу материјал. Индустриската револуција која вети дека ќе ги ослободи работниците, ги зароби во дупки и фабрики, додека тајкуните станаа побогати и од кралевите.

До крајот на 19 век, многумина се плашеле кон што може да води тоа. „Временска машина“ на Х.Џ.Велс замислуваше свет во кој високите класи и работниците ќе еволуираат во различни видови, додека „Железната пета“ на Џек Лондон опиша како тиранската олихаргија владее над осиромашените маси.

Новиот век донесе уште возбудливи и страшни промени. Медицинскиот напредок докажа дека е возможно да се надминат биолошките ограничувања, додека пак масовните медиуми овозможија инстантна комуникација помеѓу лидерите и јавноста.

Во „Храбар, нов свет“ на Олдос Хаксли, луѓето се создадени во лабаратории и однапред се наштимани за да ги изведуваат своите општествени улоги. Иако пропагандата и апчињата го одржуваат општеството среќно, сепак јасно е дека некои важни човечки елементи се изгубени.

dystopia-hp-header1

Но, најпознатите дистопии воопшто не се замислени. Како што Европа страдаше од индустриските војни, нови политички движења ја преземаа моќта. Некои од нив ветуваа дека ќе ги избришат сите социјални разлики, додека пак други се трудеа да ги обединат луѓето околу некакво митско наследство.

Резултат од тоа беа вистински дистопии во кои животот се случуваше под будното око на Државата и во кои смртта доаѓаше со безмилосна прецизност за оние кои не припаѓаа таму. Многу писатели од тоа време не биле само неми набљудувачи на овие хорори, туку и живееле во нив.

Во романот „Ние“, советскиот писател Евгениј Замјатин опишува иднина во која слободната волја и индивидуалноста се сосема елиминирани. Оваа книга, која била забранета во Советскиот Сојуз, инспирирала писатели како Џорџ Орвел, кој се борел во првите борбени редови против фашизмот и комунизмот.

Додека „Животинска фарма“ директно го исмева советскиот режим, класикот „1984“ е малку поопширна критика на тоталитаризмот, медиумите и јазикот. Од друга страна, романот „И тука може да се случи“ од Синклер Луис предвидува колку лесно може демократијата да падне пред фашизмот.

1984_by_alcook-d4z39dh-752x440

Во декадите по Втората светска војна, писателите размислувале за тоа како новите технологии како атомската енергија, вештачката интелигенција и вселенските патувања, ќе влијаат на иднината на човештвото.

Наспроти популарните визии за сјаен прогрес, дистописката научна фантастика се проширила и во филмовите, стриповите и игрите. Роботите се вртат против своите создавачи, додека телевизиските екрани прикажуваат смртоносна забава за масите. Работници заробени во вселенски колонии над земјата лишени од секакви ресурси и пренаселени градови полни со криминал и чума.

Но, политиката никогаш не беше далеку.

Делата како „Доктор Стрејнџлав“ и „Чувари“ ја истражуваат вистинската закана од нуклеарна војна, додека „О за Одмазда“ и „Приказната на робинката“ предупредуваат за тоа колку лесно може да исчезнат нашите права за време на криза.

Денешната дистописка фикција продолжува да ги истражува модерните стравови во поглед на нееднаквоста, климатските промени, моќта на власта и глобалните епидемии.

Се прашувате чуму овој песимизам?

Затоа што во својата с’рж, дистопиите се предупредувачки приказни, не за некоја одредена Влада или технологија, туку за самата идеја дека човештвото може да биде обликувано во идеална форма.

Ајде вратете се на светот кој го замисливте.

Дали исто така замисливте што сѐ е потребно за да се постигне тоа?

Како ќе ги натерате луѓето да соработуваат?

И како ќе се осигурате дека сето тоа ќе трае?

Ајде погледнете уште еднаш.

Leave a comment