Ѕирнете во примерокот од „Сјаење“ во сопственост на Стенли Кјубрик!

Вебсајтот Overlook Hotel објави слики од личното издание од „Сјаење“ на Стенли Кјубрик, кој вообичаено се чува во Архивата на Стенли Кјубрик, но во моментов има турнеја со изложби. Книгата е полна со потцртани пасуси и многу белешки кои откриваат дел од намерите на Кјубрик во однос на филмот.

Луѓето од сајтот објавија слика од избледената корица, заедно со уште две скенирани слики од внатрешноста на книгата, поточно страниците 8 и 9, кога Џек Торенс е на интервју за работа за менаџерот на хотелот, г-дин Улман; и страниците 86 и 87, на кои хотелскиот готвач Дик Халоран зборува со Дени, синот на Џек, за телепатската способност наречена „сјаење“.

annotatedking1-e1531290249738

Голем дел од забелешките на маргините се многу тешки за дешифрирање. Една од белешките вели:

„Можеби исто како што има луѓе кои сјаат, можеби има места кои се посебни. Можеби има поврзаност со она што се случило во нив или на кое место се изградени.“

Според количината на забелешки, евидентно е дека Кјубрик тогаш работел на екранизацијата на книгата на Кинг. Но, она што е многу интересно е што во книгата има забелешки кои (навидум) немаат никаква врска со филмот.

„Ако има некакви проблеми со кујната – ѕвони ми.“

annotated-king-2-e1531290282887

Кога „Сјаење“ првпат се појавил во кината, филмот добил многу суви и негативни критики, но денес се смета за ремек-дело.

На прво гледање, „Сјаење“ го преплавува гледачот со ужасни слики кои остануваат изрезбани во мозокот: морничавите близначки, телото во распаѓање во кадата, крвта која излегува од лифтот. Сепак, кога ќе го гледате неколку пати, филмот излегува дека е уште почуден од обичните хорор филмови. На пример, зошто Џек Николсон чита „Плејгрл“ (списанието е како „Плејбој“, но за жени) додека чека во лобито? Што е финтата со типот облечен како мечка на крајот на филмот? Зошто Дени носи џемпер „Аполо 11“?

kubrick-shining-cover

Сепак, фактот дека овој филм се смета за еден од најдобрите во историјата, не го спречува Стивен Кинг да ја мрази екранизацијата од дното на своето срце.

Тука можете да прочитате повеќе за разликите помеѓу книгата и филмот, како и причините поради кои Стивен Кинг го мрази филмот.

 

 

Leave a comment