Денес читаме македонска поезија! Изборот падна на „Обична улица“ од Ацо Шопов.
Обична улица – Ацо Шопов
Мојата улица нема куќи високи,
ни липи, ни маслини, ни багреми зелени.
Она понекогаш на мртво дрво личи
кај случајно ќе слетат птиците иселени.
Мојата улица е мала и безимена,
со обични радости и обични грижи,
и да нема зеница од сонцето подгорена
не ќе може ништо со светот да ја зближи.
Низ мојата улица само јас поминувам
и само навечер штом се успие тишината
она се буди плашлива и измамена,
измамена од гласот на далечината.


Леле колку е убаво! Постирај почесто песни, те молам. 🙏🏻❤️😘
LikeLike
Важи, договорено! ❤ :*
LikeLiked by 1 person