Потребен е искусен детектив за да ги најде првите и најраните збирки од различни книжевни извори кои се однесуваат на животот и делото на Артур Конан Дојл и неговите приказни за Шерлок Холмс. Собата „Артур Конан Дојл“, сместена на најгорниот спрат во Референтната библиотека во Торонто, е една од најдобро чуваните тајни на овој град.
За оние кои малку ќе се потрудат за да ја најдат, трудот дефинитивно ќе им се исплати. Збирката се наоѓа во една соба која е декорирана за да личи на станот на Шерлок Холмс на славната улива „Бејкер Стрит 221Б“ во Лондон, со столици од викторијанската ера, персиски тепих, полици за книги од подот до таванот и многу други сувенири и предмети.

Собата е декорирана со бисти, статуи, кукли, слики и постери од Шерлок Холмс, лулиња и шапки (двете најпрепознатливи парчиња кои Шерлок Холмс ги носи, а кои иронично никогаш не се појавуваат во приказните, туку тие детали биле додадени од актерите кои низ годините ја толкувале улогата на Шерлок Холмс во екранизациите) и необични работи како шаховска табла на која фигурите се изрезбани за да личат на Холмс, неговиот придружник доктор Вотсон и другите ликови од серијалот.

Збирката вклучува книги, приказни и есеи од Артур Конан Дојл за духовност, вистински криминални приказни, историја и конкретни прашања од тоа време. Тој исто така пишувал во неколку жанрови, но неговиот најпознат лик, Шерлок Холмс, ги засенил сите други написи и ова е одразено во збирката. Збирката вклучува многу верзии на Шерлон Холмс: од оригиналните списанија во кои приказните се појавиле, до првични изданија и модерни верзии, од преводи до екранизации и тетарски драми врз основа на приказните.

Има многу книги и за Артур Конан Дојл и Шерлок Холмс, како и книги од други писатели кои ги користат ликовите на Дојл. Марк Твен бил еден од првите кој пишувал вакви „обожавателски фикции“. Збирката содржи и секундарен материјал, како критички, библиографски и биографски истражувања објавени од универзитети, издавачи, поединци и друштвата посветени на Шарлон Холмс.

Ова катче е создадено во 1969 година со купувањето на повеќе од 150 тома од имотот на Артур Баили, колекционер од Торонто. Во текот на годините, ова катче се зголемувало преку донации и преземања. Моменталната локација ја добила откако целата библиотека била преместена на друго место.

Иако ова е ретка збирка на книги, сепак гостите смеат да ги допрат и да ги читаат материјалите за сопствено задоволство. И тоа е она што го прави ова место уште помагично.

