Македонска поезија: „Залез во градот“ од Влада Урошевиќ!

Денес на блогот читаме македонска поезија! Изборот падна на „Залез во градот“ од Влада Урошевиќ!

Залез во градот – Влада Урошевиќ

На зајдисонце градот страда од губење рамнотежа:
се наведнува по малку секоја улица.
Сенки од смола и стакло врз плоштадите лежат
и децата преку нив играат прескакулица.

Мушички во воздухот: воздухот е пегав.
Пожар во оранжериите. Стакларницата гори.
Еден пајтон напразно низ блесокот бега.
Велосипедистите се само сјајни метеори.

Заоѓа сонцето и градот страда од главоболие:
прозорците ги фаќа маларична треска.
Збива во оган паркот штотуку полиен.
Лековите в аптека како предупредувања блескаат.

city-1839503_960_720

Leave a comment