Барак Обама, поранешниот претседател на САД, е познат по неговата љубов кон книгите. Уште додека беше претседател, тој секогаш ги споделуваше своите омилени книги и предлози со јавноста (види тука и тука), а пред неколку дена се огласи на Фејсбук и ги сподели книгите кои ги читал летово.

Тој вели:
„Една од моите омилени работи во лето е одлучувањето што да читам кога работите малку ќе се смират, без оглед дали е тоа кога сум на одмор со семејството или само тивко попладне. Ова лето бев обземен од нови романи, се потсетив на стар класик и си ја вратив вербата во нашата способност заедно да се движиме напред кога ја бараме вистината.“
Во продолжение прочитајте ја листата на книги кои Обама ги препорачува:
„Образована“ – Тара Вестовер
Што вели Обама: „Книгата „Образована“ на Тара Вестовер е неверојатен мемоар за една млада жена која е израсната во т.н „преживувачко“ семејство, која сонува за образование и истовремено покажува големо разбирање и љубов за светот кој го остава зад себе.“
„Воена светлина“ – Мајкл Ондачи
Што вели Обама: „Сместен во Втората светска војна, романот „Воена светлина“ на Мајкл Ондачи ги разгледува ефектите кои војната ги има врз семејството.“
„Куќа за господин Бисваз“ – В.С.Наипол
Што вели Обама: „Откако неодамна почина В.С.Наипол, повторно ја прочитав „Куќа за господин Бисваз“, првиот одличен роман на овој Нобеловец, кој зборува за растењето во Тринидад и предизвиците на пост-колонијалниот идентитет.“
„Американски брак“ – Тајари Џонс
Што вели Обама: „Романот „Американски брак“ на Тајари Џонс е потресен портрет за ефектите на погрешна пресуда врз еден афро-американски пар.“
„Фактичко“ од Ханс Рослинг
Што вели Обама: „„Фактично“ од Ханс Рослинг, извонреден меѓународен експерт за јавно здравје, е книга полна со надеж за потенцијалот на човечкиот прогрес кога работиме со фактите наместо со нашите предрасуди.“
Оваа книга неодамна ја препорача и Бил Гејтс во неговите стандарди белешки со препораки за книги кои треба да ги прочитаме ова лето.
Во продолжение погледнете го и оригиналниот пост на Обама:
