Со кафе и книги ќе се одбележи отворањето на новата книготека на „Икона“ во ГТЦ!

Секој љубител на книги знае дека кафето и книгите се најубавата комбинација на свет! Сите љубители на книги сигурно ќе се израдуваат на податокот дека „Икона“ реши да отвори нова книготека во ГТЦ која неодамна започна со работа.

39223216_10155291247586442_8030336740294131712_o

Имено, со цел да се промовира новоотворената локација на „Икона“ во ГТЦ, тие на Фејсбук објавија дека во недела, 26.08.2018 година, во периодот од 14:00 до 18:00 часот ќе имаат специјална промоција поддржана од „Coffee and Friends“, па така секој што ќе купи книга ќе добие и бесплатно кафе.

Ова е одлична можност да го поминете вашето неделно попладне меѓу книги и со кафе, а воедно и да си ја подновите домашната библиотека!

Се гледаме во недела!

Кафе и книги им посакува многу успех и многу продадени книги!

За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук.

 

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук на „Икона“

Leave a comment