Книги кои биле напишани на облог!

Има навистина чудни приказни за тоа како настанале некои од нашите омилени приказни и омилени романи, а денес на блогот можете да прочитате за тоа како некои од омилените и најпопуларните класици всушност се производ од облог или некаков предизвик.

Во продолжение погледнете ја листата на книги напишани на облог!

„Зелени јајца и шунка“ – Доктор Сус

dr-seuss-04

Еден ден, Бенет Церф, издавачот на Сус, му рекол: „Се обложувам во 50 долари дека не можеш да напишеш книга користејќи само 50 зборови“. Остатокот е историја. Доктор Сус е познат по неговата способност да употребува зборови во различни околности, па така тој го добил облогот, а светот ја доби книгата „Зелени јајца и шунка“.

„Франкештајн“ – Мери Шели

mary-shelly-featured-image-large

Еден летен ден во 1816 година, се родила идејата за „Франкенштајн“ и тоа благодарејќи на облог. Меѓу громотевиците кои цела вечер светкале и треперењето на свеќите, Мери Шели била во вилата „Диодати“ во близина на Женевa кога лорд Бајрон предложил сите присутни да напишат страшни приказни за духови. Она што првично започнало како забавни неколу часови за време на бура, завршиле со неверојатната, готска приказна на Шели. Очигледно под влијание на дискусиите и амбиентот од таа вечер, романот „Франкенштајн“ бил објавен следната година.

„Коцкар“ – Фјодор Достоевски

cd27ba57c7e3e5444c8fd759446e2fdd

Човек не може, а да не помисли дека Достоевски се имал себеси на ум кога го ставил насловот на оваа книга. Иронично, легендарниот руски писател го искористил пишувањето на оваа книга за да се извлече од коцкарски долгови. Облогот бил следен: Ако Достоевски не ја завршел книгата во следните неколку месеци, тогаш ќе морал да ги предаде сите авторски права и приходи за сите негови книги – а тоа била навистина голема сума на пари. За среќа, Достоевски навреме ја завршил книгата, која ги открива сите опасности од коцкањето.

„Мистериозната случка во Стајлс“ – Агата Кристи

themysteryofagathachristie_54610118

За оваа книга треба да ѝ се заблагодариме на Магде, сестрата на Агата Кристи. Оваа книга била напишана како предизвик откако сестрата на Агата ѝ рекла дека таа не може да напише роман во кој читателот нема да може да го препознае убиецот и покрај тоа што може да ги види истите докази и навестувања како и детективот. Кристи почнала да го пишува романот кога волонтирала во болничко крило за време на Втората светска војна. Фактот дека имала пристап до сите лекови, придонело кон тоа да го избере отровот како оружје. Ракописот бил прифатен откако првично бил одбиен од шест издавачи.

„На продажба: бебешки чевли, никогаш облечени“

150717-cosgrove-hemmingway-tease_nqp7kw

Легендата вели дека Хемингвеј бил дел од облог кој имал за цел да види кој може да напише целосна приказна со само шест зборови. И наводно, сосема во негов стил, гордиот Хемингвеј одел од маса до маса за да си ги собере 10-те долари од останатите кои не успеале.

Бонус:

Облогот меѓу Џ.Р.Р Толкин и К.С Луис

150722145419-lewis-and-tolkien-split-restricted-super-tease

Легендарното пријателство помеѓу овие легендарни писатели е подарок и наслада за секој љубител на книгите. Легендата вели дека тие двајца се обложиле дека ќе се обидат да создадат нов жанр. Со едноставно фрлање на паричка, Луис требало да напише приказна за патување низ вселената, додека пак Толкен требало да напише приказна за патување низ времето. Луис бил успешен во својот обид, создавајќи ја својата трилогија: „Надвор од тивката планета“, „Перелеандра“ и „Таа ужасна сила“. ОД друга страна, Толкин признал дека неговиот обид не успеал и со тоа Луис го добил облогот.

Leave a comment