Македонска поезија: „Книга врзана со синџири“ од Анте Поповски!

Денес на блогот една прекрасна песна од Анте Поповски! Да читаме македонска поезија!

Книга врзана со синџири – Анте Поповски

Велиш: видов книга врзана со синџири.
А луѓето, а дечињата во неа?
Зборовите и буквите? Што прават тие?

Луѓето и дечињата, зборовите и буквите,
запеаја една ноќ сите заедно
и со песната излегоа од книгата.

Низ едни ветришта, низ едни дождови,
се засолнија во земјата,
топла за семе и плодови.

Во книгата остана само зборот окован
и неколку реда синџири околу него.

tumblr_ou9vk646om1rge4fho1_500

Leave a comment