Големо признание за македонската книжевност! Венко Андоновски, еден од најпознатите македонски писатели, е кандидат за престижната Толстоева награда за книжевност во категоријата на странска книжевност. Венко Андоновски и Драго Јанчар од Словенија се единствените двајца писатели од словенската книжевност кои се најдоа меѓу номинираните. Меѓу останатите кандидати има звучни имиња како Нобеловецот Казуо Ишигуро, Јан Мекјуан, Тони Морисон, Мајкл Канингем, Маргарет Етвуд и други. Вкупно има 35 кандидати за оваа награда.

Венко Андоновски, ќе се претстави на претстојниот Саем на книгата во Москва со книгата „Азбука на непослушните“ (преведена на руски од Олга Панкина).
На 8 и 9 септември, во Јаснаја Полјана е предвиден и негов книжевен портрет, на кој ќе говори Евгениј Водолазгин, истакнат современ руски прозаист, кој всушност го номинираше романот „Папокот на светот“ за престижната светска награда, а добитникот на наградата ќе биде соопштен во октомври.
Навистина големо признание за еден од нашите најдобри писатели, но и за македонската книжевност! Честитки!
