„Гордост и предрасуди“ е една од најпознатите книги на сите времиња. Овој безвременски класик не губи од својата моќ и после 200 години, сѐ уште ги маѓепсува читателите ширум светот. Освен тоа, „Гордост и предрасуди“ е инспирација за многу екранизации (телевизиски и филмски), театарски претстави, модерни прераскажувања, итн.

Првото издание на „Гордост и предрасуди“ е вистинска реткост, бидејќи било издадено во три тома со кожни, тврди корици. Во тоа време немало толку широка дистрибуција и масовно производство на книги, па затоа и тиражите биле значително помали, а мал дел од примероците од првите изданија се достапни (освен во библиотеки или приватни колекции).
Инаку, Џејн Остин ги има продадено издавачките права за 110 фунти, иако првично побарала 150 фунти. Истовремено, таа добила само 110 фунти и се откажала од понатамошни финансиски придобивки, па така издавачот ја добил целокупната заработувачка од книгата.
Она што е интересно е што Џејн Остин не ја објавила книгата под своето вистинско име. Имено, таа прво ја објавила „Разум и чувства“ под името „од една дама“, а „Гордост и предрасуди“ ја објавила под името „од авторот на „Разум и чувства“.
Првото издание на „Гордост и предрасуди“ наскоро ќе биде ставено на аукција, а вредноста на изданието се проценува на 20.000 фунти, но се претпоставува дека е можно цената и да ја надмине оваа сума. Голем е интересот на луѓето да го поседуваат овој историски примерок, првото издание на една од најпознатите книги на сите времиња!
