Денес на блогот читаме македонска поезија! Изборот падна на „Татковина“ од Блаже Конески!
Татковина – Блаже Конески
Со замислени меѓи
сум ја означил својата татковина.
Сум поставил белеги на сите нејзини граници
и на сите стратегиски точки:
на тераси над реки, езера и над морскиот брег
кај што сум седел долго со пријатели
во летни вечери,
при чашка црвено вино.
На пазаришта со раскошни бои и опојни мириси
од есенското обилие.
На планински врвови
кога низ проретчени облаци
се открива поглед во далечни предели.
До кај што сум ја пренесол својата љубов,
дотаму е мојата татовина.
А вие, еј!
На што сте смислиле да ја сведете?!

