Роалд Дал: „Оние кои не веруваат во магија, нема никогаш да ја пронајдат!“

Роалд Дал е еден од најпознатите писатели за деца. Неговите книги се безвременски и милиони деца и многу генерации пораснаа со неговите книги и со екранизациите на неговите книги, како „Матилда“, „Големиот добар џин (ГДЏ)“, „Чарли и фабриката за чоколади“ (оригиналниот наслов на книгата е „Чарли и фабриката за чоколади“, но филмските продуценти решаваат да го стават Вили Вонка во насловот на филмот).

5264a Roald Dahl
(Роалд Дал со своето семејство)

Роалд Дал е роден на 13 септември 1916 година во Велика Британија. Во чест на неговиот датум на раѓање, денес издвоив неколку интересни и мудри мисли од неговото творештво и живот, кои сигурно ќе ви го разубават денот. Уживајте!

„Имам желба да ги учам децата како да станат читатели, да им биде удобно со книгите, а не страшно. Книгите не треба да бидат страшни, тие треба да бидат забавни, возбудливи и прекрасни, самиот процес на учење како да бидеш читател дава неверојатна предност.“

„И така, силниот, млад ум на Матилда продолжи да се развива, негуван од гласовите на сите писатели кои ги испратиле своите книги во светот како бродови на море. Овие книги ѝ дадоа на Матилда една надежна и утешна порака: „Ти не си сама“.“

„Ние сме создавачи на музика, ние сме сонувачи на соништа.“

„Возрасните се комплицирани суштества, полни со чудни навики и тајни.“

„Сфаќам што сакаш да кажеш и твоите коментари ми значат, но сепак ќе го игнорирам твојот совет.“

„Малку магија може да те однесе далеку.“

„Не е важно кој си или како изгледаш, сѐ додека некој те сака.“

„Ако една личност има грди мисли, тоа почнува да се одразува на нивното лице. И кога таа личност секој ден, секоја недела и секоја година има грди мисли, лицето станува сѐ погрдо и погрдо, дотолку што повеќе не можеш ниту да гледаш во него.

Личноста која има добри мисли никогаш не може да биде грда. Може да имате чуден нос или искривена уста, подбрадок или испакнати заби, но ако имате добри мисли, тие ќе сјаат на вашето лице како сончеви зраци и секогаш ќе изгледате прекрасно.“

„И над сѐ, со блескави очи набљудувајте го целиот свет околу вас, затоа што најголемите тајни секогаш се скриени на најнеочекуваните места. Оние кои не веруваат во магија, никогаш нема да ја пронајдат.“

„Ве молиме, о ве молиме, ве преколнуваме и молиме,
одете и фрлете го вашиот телевизор,
а на неговото место може да ставите
прекрасна полица за книги на ѕидот.
А потоа да ги пополните полиците со книги.“

„Да имаш моќ не е ни приближно важно колку твојот избор што ќе направиш со таа моќ.“

„Некаде во нас лежи моќта да го промениме светот.“

Leave a comment