Куќата во која Ф. Скот Фицџералд го напишал својот прв роман!

Во 1918 година, Ф. Скот Фицџералд бил полковник во војска и бил стациониран во близина на Монтгомери, Алабама. Додека присуствувал на една игранка се запознал со Зелда Сајр, популарната девојка од Монтгомери. Наскоро Фицџералд изјавил: „Се заљубив во виор.“

Но, не било лесно да се заведе Зелда. Таа била популарна, тврдоглава и имала многу додворувачи. Но, по некое време тие почнале да се допишуваат. Фицџералд имал среќа и не бил пратен во Европа на крајот на Првата светска војна и наскоро ја запросил. Зелда најпрво ја прифатила понудата, но набргу потоа ја прекинала веридбата, бидејќи сметала дека тој нема да биде во можност финансиски да ја издржува.

Откако се случило ова, Фицџералд се вратил во куќата на своите родители во својот роден град во Минесота. И токму таму, на третиот кат го напишал својот роман „Оваа страна на рајот“.

img_5256

Кога правел паузи меѓу своите пишувачки сесии, Фиџцералд излегувал на терасата и пушел цигари. За една година го завршил ракописот и го пратил на издавачката куќа која го прифатила ракописот во 1919 година. Романот бил објавен во 1920 година и добил одлични критики.

Тоа му овозможило добро да заработи и со тоа ѝ докажал на Зелда дека може да се грижи за неа и тоа било доволно за таа да прифати да се омажи за него. Тие двајца се венчале една недела по објавувањето на романот.

Во продолжение неколку слики од куќата во која Фицџералд го напишал првиот роман.

fh

img_5258

Leave a comment