„Гарванот“ е една од најпознатите поеми на сите времиња. Безвременска, мрачна, тешка и меланхолична, но сепак единствена и уникатна. Денес на блогот можете да прочитате неколку интересни факти за оваа поема, факти за кои можеби и не сте чуле претходно.

Сопругата на Едгар Алан По била тешко болна додека ја пишувал поемата
Кога По ја пишувал „Гарванот“, неговата сопруга Вирџинја боледувала од туберколоза. Нивниот брак бил многу чуден: Вирџинија му била прва братучетка и имала само 13 години кога стапиле во брак. Тој ги загубил својата мајка, брат и маќеа поради туберколоза и знаел што ќе донесе таа болест. „Гарванот“ е поема напишана од човек кој изгубил многу сакани луѓе и наскоро очекувал да изгуби уште една личност.
Тој тврдел дека ја напишал „Гарванот“ по обратен редослед
Во својот есеј „Филозофијата на композицијата“, По ја објаснува својата процедура при пишувањето на „Гарванот“. Секој дел од поемата бил логички избран за да додаде ефект, а воедно и напоменува дека најпрво ја напишал последната строфа, а потоа го градел остатокот од поемата околу неа.
По избрал гавран, затоа што тие можат да зборуваат
По рекол дека кога почнал да ја пишува поемата, најпрво размислувал поемата да се врти околу друга птица која може да зборува: папагал. Некои извори велат дека се обидел и со був пред конечно да одлучи за гавран. Во „Филозофија на композицијата“, По вели дека гавранот, како „птицата на лошите предвидувања“ била „посоодветна на замислениот тон“ на поемата.

Уште една инспирација бил и еден гавран кој зборува и кој се појавува во роман на Чарлс Дикенс
По бил инспириран од Грип, гавран од „Барнаби раџ“, роман на Чарлс Дикенс. Во освртот кој По го направил за книгата, речиси можете да го видите како ги разгледува можностите за користење на гавран кој зборува: „Гавранот, интензивно забавен каков што е, можеби е и посериозн отколку што го гледаме. Неговото гракање се слуша како предвидување во текот на драмата.“ Има сличности и меѓу поемата и романот. Во романот еден од ликовите се чуди кој стои пред вратата и прашува кој тропа на прозорецот, многу слично како во стиховите на По.
„Гарванот“ бил инстантен хит
Откако списанието „Грахамс магазин“ ја одбило поемата, По ја објавил во „Американ Ревју“ под псевдонимот „Кварлс“, а во 1845 година излегла во „Њујорк Мирор“ под неговото вистинско име. Поемата била објавувана насекаде во разни списанија, сите пишувале осврти за неа, а станала толку популарна што ја користеле и за маркетиншки цели. Се правеле и пародии од типот на поеми како „Був“, „Мисирка“, „Газела“ и „Папагал“. Тука можете да најдете дел од нив. Американскиот претседател Абрахам Линколн прочитал една од пародиите и решил да ја побара оригиналната поема и така „Гавранот“ станала една од неговите омилени поеми која ја научил на памет.
По станал популарна јавна личност поради „Гарванот“
Поемата била толку препознатлива што децата го следеле додека одел по улица и гракале зад него. Тој имал добра смисла за хумор, па им се вртел и им велел „Nevermore!“, a тие со кикотење ќе почнеле да бегаат. Обидувајќи се да капитализира од поемата, тој држел и предавања кои вклучувале и драматично читање на поемата. Наводно, имало што да се види и чуе на тие предавања. Еден од посетителите рекол дека неговото предавање било „рапсодија на најинтензивната брилијантност… Цели два и пол часа нѐ држеше заинтересирани.“ Друг учесник рекол дека По ги гасел светлата и ги рецитирал „тие прекрасни стихови со неговиот прекрасен мелодичен глас.“ Трет рекол: „Да го чуеш како ја повторува „Гарванот“, нешто што не го прави баш тивко, дефинитивно е голем животен настан.“

Но, сепак бил многу сиромашен
Поради недостаток од закони, списанијата не морале да му платат на По за да ја објавуваат песната кога и каде сакаат. Како резултат на тоа, тој речиси воопшто не заработил од „Гарванот“. Тој бил толку сиромашен што имал само едно палто кое постојано било закопчано до грло, со цел луѓето да не му ја видат излитената кошула. Тој се мачел да го прехрани своето семејство, да ја загрева куќата и да се грижи за болната Вирџинија. Еден негов пријател го има има напишано неговото сведоштво на нивните очајни услови: „Вирџинија лежи на сламениот кревет, обвиткана во неговото палто, со голема мачка на нејзините гради. Палтото и мачката беа единствени извори на топлина.“ Таа починала во јануари 1847 година, а тој умрел две години после неа.
„Гарванот“ е една од најомилените и најпопуларните поеми на сите времиња
Влијанието е толку големо што „Гарванот“ веројатно е единствената поема по која е именуван еден клуб за американски фудбал. Има милион цртани, песни, филмови, цртежи и варијации инспирирани од поемата. Зарем има некој кој не чул за фразата: „Nevermore“?

(последната строфа на „Гарванот, рачно напишана од Едгар Алан По)
