Македонска поезија: „Нека“ од Игор Исаковски!

На денешен ден во 1970 година се родил Игор Исаковски еден од најдобрите македонски поети кој за жал нѐ напушти во 2014 година. Во негова чест денес на блогот ја читаме неговата песна „Нека“.

Нека – Игор Исаковски

за тебе, љубов

нека ме растураат виолини
нека ме черечат дувачи
сите оркестри нека ме разнесат
додека песни ти пишувам

очите ти ги пијам како жолчка од свежо јајце

нека ме шибаат ветришта
нека ме полеваат дождови
сите непогоди нека ме снајдат
само песни да ти пишувам

очите ти ги бакнувам како прво изгрејсонце после зандана

нека ме убиваат огнови
нека ме тонат поплави
сите душмани нека ми се најдат
само во увото да ти шепотам

очите ти ги сркам како алкохол од папок

нека ме, нека нè
нека сè, нека е

само очите љубов чувај ги да се напијам

 

31.03.2009 20:59

 

36_20160505112821_2634761_medium

Leave a comment