Погледнете во оригиналниот ракопис на „Алиса во Земјата на чудата“!

Пречесниот Чарлс Доџсон бил тутор по математика во „Црквата на Христос“ во Оксфорд во 1856 година и таму ја запознал Алиса Лидел и нејзините сестри, кои биле деца на Деканот на колеџот. Ова пријателство го инспирирало Доџсон да ја создаде најпознатата и најсаканата приказна за деца, „Алиса во Земјата на чудата.“

carroll20lewis20alices20010883

Приказната, чиј првичен наслов бил „Авантурите на Алиса во Подземјето“, најпрво им била раскажана на Алиса и нејзините сестри при една ексурзија со брод на 4 јули 1862 година. Децата толку многу ја засакале приказната, што Алиса го замолила Чарлс да ја запише некаде и да им ја даде. Напишана со пенкало со сепиа боја и додадени 37 цртежи нацртани со пенкало и мастило, ракописот ѝ бил даден на Алиса на 26 ноември 1864 година како ран подарок за Божиќ. Тој не бил уметник и се мачел со некои од цртежите и на една од илустрациите залепил фотографија од Алиса. Оригиналниот цртеж првпат бил откриен во 1977 година.

Од подземјето до Земјата на чудата?

Кога неговите пријатели го поттикнале да го објави ракописот, тој направил неколку измени и отстранил некои од семејните податоци кои биле вклучени во првичната приказна чисто за забава на трите сестри. Потоа додал уште две поглавја и најмил уметник за да ги нацрта цртежи. Уметникот Џон Тенел нацртал неколку цртежи на основа на првичните скици на Доџсон, а некои од цртежите ги нацртал според своите замисли. Книгата била објавена под новото име „Алиса во Земјата на чудата“ во 1865 година.

carroll20lewis20alices20c033162003

Што се случило со оригиналниот ракопис и како завршил во Британската библиотека?

Алиса Лидел го задржала ракописот и бил во нејзината сопственост сѐ до 1928 година, кога била приморана да го продаде за да плати за трошоците по смртта на нејзиниот сопруг. Ракописот бил продаден на аукција во „Сотби“ за 15.000 фунти на доктор Розенбах, американски трговец кој откако се вратил во САД го продал ракописот на Елдриџ Џонсон. Откако Џонсон во 1946 година умрел, ракописот повторно бил ставен на аукција. Овојпат ракописот бил продаден на богата група добротвори кои решиле во 1948 година да го донираат ракописот на Британците и Британскиот музеј, како благодарност за заложбата на Велика Британија против Хилтер за време на Втората светска војна.

carroll20lewis20alices20067927

На следниот линк погледнете ја целосната галерија со сите страни од ракописот, верувам дека ќе уживате како што уживав и јас.

Leave a comment