Македонска поезија: „Македонија“ од Анте Поповски!

Денес е одличен ден за споделување на македонска поезија! Изборот падна на „Македонија“ од Анте Поповски!

Македонија – Анте Поповски

Еве ја таа проста земја од дволичен камен
и сонце
децата уште незаодени каде откопуваат
лобањи

По градините.
Еве ја таа змеја од пајажина и од води
Мудро слободата кај што ги запишува селските
имиња

Место икони по црквите
И каде летото како судбина
Трае до последниот востанат.
Еве ја таа проста земја од заморено дишење
и од молк

Низ која времето одминува и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.
О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на
македонски

А никој не ја знае.

 

 

 

*извор на сликата

Leave a comment