Прочитајте го ова писмо за одбивање кое го добил Стивен Кинг во 1971 година!

Сите писатели во некој период од својот живот биле одбиени од издавачите. Повеќето одбивања не се лични и најчесто одговорите се ладнокрвни. Дури и талентираните и познати писатели како Стивен Кинг добивале вакви одбивања. Но, неодамна во јавноста излезе едно такво писмо во кое Стивен Кинг бил одбиен од издавач кој работел во издавачката куќа „Даблдеј“, писмо кое има топлина и чувствителност.

gettyimages-843521194

Во продолжение прочитајте го писмото преведено на македонски јазик, а најдолу можете да го видите и оригиналното писмо кое било испратено на 1 октомври 1971 година.

„Драг Стивен,

Многу ми е срам и незгодно што морам да ти кажам дека нема да ја објавиме твојата книга.

Има многу причини за ова, но ниту една од нив не е поврзана со тебе, ниту пак со твоето пишување. Ние ја објавивме „Криси“ која е многу слична на твојата книга. Книгата не помина добро и сѐ уште го помниме тој момент. Тука е и целиот пазар за фикција кој, особено за непознат автор, е прекомпетитивен и издавачите не се баш расположени да ризикуваат.

Знам дека ова звучи сосема безначајно и фрустрирачки за тебе, особено поради тоа што ракописот беше навистина долго време кај мене, но нема друг начин како да ти го соопштам ова. Јас лично верувам во тебе како писател и како „издавачка сопственост“. И сосема ќе те разберам ако решиш повеќе да не испраќаш ракописи за одобрување во „Даблсдеј“.

Стивен, ако сакаш, можам да го споделам ракописот со мои пријатели – издавачи од други издавачки куќи, но ти веќе имаш агентка, па мислам дека е помудро да ја оставиме таа да го прави тоа, отколку да создадеме „ние ја одбивме книгата, ама ______“ впечаток на друго место. Ќе го чувам ракописот кај мене додека не ме исконтактираш.

Стивен, навистина ми е жал што нема да соработуваме околу оваа книга, но сакам да знаеш дека ти си писател и порано или подоцна, времињата и пазарот ќе дознаат за тоа.

Сѐ најдобро.“

Погледнете го и оригиналното писмо:

Leave a comment