Кога приказната „Сликата на Доријан Греј“ првпат излегла во јавноста, критичарите биле ужаснати. Еден критичар во јули 1890 година напишал: „Тој не може да пишува за никој, освен за прогонетите богаташи и перверзните момчиња кои работат како телеграфи.“ Тој ја напишал критиката како реакција на првата серијализација на „Сликата на Доријан Греј“ во списанието „Липинкот“.

Внукот на Вајлд, Мерлин Холанд, неодамна за „Тајмс“ изјавил дека Вајлд ја поминал следната година во ревидирање на неговата естетска приказна за двојниот живот на Доријан Греј, затоа што сакал да ја објави во форма на книга и во процесот отстранил одредени хомо-еротички делови.
Неодамна излезе нова книга „Сликата на Доријан Греј“ која го содржи рачно напишаниот ракопис и која им овозможува на читателите да ѕирнат во оригиналниот ракопис кој предизвикал негодување и кренал прашина во времето на неговото издавање.
Делови од овој ракопис кои никогаш не влегле во официјалната печатена книга, туку само во серијалот во списанието, подоцна биле искористени на суд како „доказ дека Вајлд е хомосексуалец“ и поради тоа обвинение Вајлд завршил во затвор.
Неговиот внук, кој го напишал предговорот на новата книга, изјави: „Тој се борел за неговото право како уметник да пишува за она што го сака. Тој имал право да создава ликови какви што сакал да создава.“
Во продолжение погледнете неколку слики од оригиналниот ракопис, а повеќе информации за книгата можете да најдете тука.



