Џејмс Џојс почнувал тепачки, па се криел зад Ернест Хемингвеј…

Ернест Хемингвеј често знаел да започнува расправии со машки уметници од тоа време, од Волас Стивенс и Т.С. Елиот до Ф. Скот Фицџералд (иако Фицџералд истовремено бил и негов пријател). Тој имал многу чуден однос со Орсон Велс, бидејќи барем еднаш се степале и наводно го треснал Макс Истман со книга по глава.

hemginway-joyce

Токму поради тоа, неговото искрено пријателство со Џејмс Џојс е извонредно и интересно за истражувачите. Тие биле толку чудно дуо: Џојс, мозаичкиот мислител со своите византиски мисли и создавачот на симболичките системи кои се толку комплицирани што со текот на времето се формирало цело едно поле на истражување, човек кој бил физички слаб и релативно повлечен и кој се смета за пример за повлечен мислител. Од друга страна, Хемингвеј имал сосема поинаква репутација…

Некрологот кој Хемингвеј го напишал за Џојс во 1961 година во „Њујорк Тајмс“, го опишал Џојс како „слаб, несмасен човек без мускули и со дефектен вид“ и потенцира дека двајцата писатели „имале многу моменти кога пиеле заедно“ во Париз.

Во краткото видео коешто ќе имате можност да го видите подолу, нараторот нѐ информира дека опијанетиот Џојс често започнувал кавги и тепачки, а потоа се криел позади Хемингвеј и велел: „Справи се со него, Хемингвеј. Справи се со него.“ Таа сцена исто така е спомната во некрологот кој го напишал Хемингвеј. Инаку Хемингвеј немал никаков проблем да се „справи“ со тие тепачки, дури и уживал во нив.

quote-deal-with-him-hemingway-james-joyce-48-78-13

Биографот на Хемингвеј, Џејмс Р. Мелоу, напишал дека Џојс „бил обожавател на авантуристичкиот живот на Хемингвеј“ и се грижел дека неговите дела се премногу „приградски“ во споредба со оние на неговиот пријател за кого еднаш изјавил: „Хемингвеј е добар писател. Тој пишува онака како што е… има толку многу работи зад суштината на Хемингвеј, многу повеќе отколку што луѓето знаат и гледаат.“

Кенет Шајлер во книгата „Хемингвеј“ напишал дека Џојс „сфатил дека Хемингвеј не бил едноставен како што изгледал – ниту како маж, ниту како писател“, иако забележал дека Хемингвеј бил „голем, моќен селанец, силен како вол. Спортист. И подготвен да го живее животот за кој пишува. Тој никогаш не би го напишал тоа ако неговото тело не му дозволело да го живее тоа.“

Хемингвеј возвратил на комплиментите на Џојс, па во едно писмо до Шервуд Андерсон во 1923 година, напишал дека „Џојс ја има најпрекрасната книга“ и го нарекол Џојс „најдобриот писател на светот.“ Тој бил обземен од повеќеслојната богата содржина на „Улис“, но книгата била прекомплицирана и тој го загубил интересот уште пред да ја заврши.

Но, Хемингвеј имал и критики за Џојс. На Хемингвеј не му се допаѓала наклонетоста на Џојс да пишува за себе преку ликот на Стивен Дедалус. Тој напишал: „Слабоста на Џојс е неговата неспособност да сфати дека единственото добро пишување е она коешто човек го измислува и замислува… Дедалус е самиот Џојс, па затоа и тој беше ужасен. Џојс е толку проклето романтичен и интелектуалец.“

Подолу погледнете го реткото видео за пријателството на Џејмс Џојс и Ернест Хемингвеј:

Leave a comment