Роденденска недела со роденденски цени во „ТРИ“!

Издавачкиот центар ТРИ го прославува својот 19. роденден! По тој повод, оваа недела е Роденденска недела во книжарниците ТРИ!

Доколку сте љубители на нивните изданија, тогаш во следниот период упатете се кон некоја од нивните книжарници и збогатете си ја домашната библиотека.

44091333_1939706529657127_220739075378774016_n

Од 16 до 27 октомври има специјална роденденска акција, па така, со купување на некој од избраните наслови, добивате попуст до 30 %. Роденденската акција важи единствено во Книжарниците ТРИ, со приложување на вашата клуб-картичка.

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Кафе и книги им посакува уште многу прославени родендени и издадени наслови и да продолжат да ги радуваат љубителите на книги!

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук

Leave a comment