Сценаристите на „Шерлок“ подготвуваат нова екранизација на „Дракула“!

Уште од моментот кога Брам Стокер го издал своето ремек-дело „Дракула“, светот се маѓепсал од светот на вампирите и до ден денес ова е тема која не губи од својата популарност, особено гореспоменатото дело, и продолжува да го инспирира, плаши и интригира човештвото.

Дракула не е како секој друг вампир. Неговото име го знае секој човек на оваа планета, на еден или друг начин. А сега овој омилен негативец добива сосема нова екранизација во вид на серија.

bram_stoker_460-1600x720

Не само што ќе добие серија, туку дополнителна радост е тоа што сценаристи на серијата ќе бидат Марк Гатис и Стивен Мофрат, кои стојат зад серијата „Шерлок“ во продукција на Би-Би-Си. Како што знаеме сите, серијата „Шерлок“ доби милиони следбеници и обожаватели ширум светот особено поради нејзиниот квалитет, па затоа очекувањата за „Дракула“ се навистина големи.

Би-Би-Си ќе ја прикажува серијата во Велика Британија, а останатиот дел од светот (вклучувајќи ја и Македонија) ќе има можност да ја гледа серијата преку Нетфликс, кои ги откупиле правата за првата сезона.

Форматот на серијата ќе биде многу сличен на „Шерлок“. Првата сезона ќе има три епизоди кои ќе траат 90 минути. Дејството на серијата се случува во последната деценија од 19 век и гледачите ќе го следат Дракула и неговото приспособување во Лондон откако си заминува од Трансилванија. Ова е прв обид за екранизирање на приказната за Дракула по неуспешниот обид во 2013 година.

Сѐ уште не е позната ниту актерската екипа, ниту пак кога ќе биде премиерата, но луѓето веќе зборуваат за нивните надежи и желби за серијата, а повеќето се согласни дека сакаат да видат малку потрадиционален пристап поблизок до оригиналниот роман.

Leave a comment