Погледнете ја оваа преслатка фотосесија која ќе ви го разубави денот: Ракун „чита“ книги!

Пампкин најверојатно е најпознатиот ракун на социјалните мрежи. Има 1.5 милион следбеници на Инстаграм и има своја сликовница. Доколку го заследите на Инстаграм ќе имате можност да  ѕирнете во неговиот секојдневен живот и неговите дружби со неговите двајца пријатели – две кучиња и факт е дека е неизмерно сладок.

aa204281d0338a7112975b80d5345ed5

При разгледување на неговиот профил открив дека има многу преслатки слики со Пампкин како „чита“ книги, па решив да ги споделам на блогот, бидејќи сигурна сум дека фотките ќе ви го разубават денот! Температурите сѐ повеќе паѓаат, па овие прекрасни слики ќе ни дадат малку позитивна енергија.

Во продолжение погледнете го Пампкин и неговата страст за книги! Кафе и книги ви посакува убав ден! ❤

 

Leave a comment