Традиционален есенски Саем на книга во „Култура“!

Оваа година имаме навистина прекрасна есен, совршено време за читање книги и уживање. Додека уживате во читањето книги, можеби треба и да размислите на освежување на домашната библиотека и да почнете да се подготвувате за зимата (барем што се однесува до резервите со книги).

44997137_2193326674039563_7319865818580254720_n
(Фото: „Култура“)

Од 5 до 15 ноември, во „Култура“ ќе се оддржува традиционалниот есенски Саем на книга, кој луѓето од „Култура“ редовно го организираат во овој период од годината.

Сите љубители на книги ќе имаат можност да се подноват со некоја книга и притоа да заштедат со тоа што ќе изберат книги кои ќе бидат понудени со намалени цени.

Додека чекаме да почне Саемот на книга во „Култура“, можете да го погледнете и нивниот каталог и да си направите листа со книги кои би сакале да ги купите.

Leave a comment