Македонска поезија: „Поети“ од Влада Урошевиќ!

Денес е петок, денес е прекрасен ден за споделување македонска поезија!

Поети – Влада Урошевиќ

По малку смешни
по малку храбри
прекрасно нецелосни
не донесувајќи го одговорот
на сите прашања
заради неколку збора
што не можат да ги најдат
допирајќи на минување
згради што не постојат
продолженија на инаетот
кој некогаш се вика
сон некогаш љубов некогаш поезија
ги берат ретките цветови
таму каде што утре ќе бидат
заедничките неделни паркови

durow1
Слика: Маргарет Дуроу

Leave a comment