Достоевски забранет во Кувајт!

Неодамна во Кувајт се оддржа книжевен фестивал. Ова обично треба да служи како одлична вест, но светската јавност беше шокирана кога дозна дека на фестивалот биле забранети и цензурирани речиси 1000 книги, меѓу кои и класикот „Браќата Карамазови“.

Саад Ал-Анзи, директорот на меѓународниот книжевен фестивал, луѓето од цензорската комисија под капата на Министерството за информирање забраниле 948 наслови.

dostoevski-1024x5631

Според неговите зборови, меѓу забранетите дела е и „Браќата Карамазови“, познатото дело на Достоевски од 1880 година, во кое се прикажува Русија од 19 век и поставува прашања за моралот, слободната волја и постоењето на Бог.

Со тоа Достоевски се придружил на сѐ подолгиот список на писатели чии дела се забранети во Кувајт, земја која важи за земја со умерена политика на Персискиот залив, но се чини дека конзервативната струја е сѐ посилна во политичкиот и општествениот живот.

Министерството за информирање во последните 5 година забраниле повеќе од 4000 книги, меѓу кои и „Богородичната црква во Париз“ на Виктор Иго и „Сто години самотија“ на Габриел Гарсија Маркес.

Сите книги кои биле изложени на фесивалот биле однапред прегледани од цензорската комисија, во согласност со кувајтските закони. Таа комисија е одговорна пред Министерството за информирање, а работи според Законот за медиуми и издаваштво од 2006 година, кој предвидува и казни за издавачите на книги и медиумите.

На мета на законот се книги и написи во кои се навредува Исламот или во кои има закани по националната безбедност, „повикување на нереди“ и „неморални“ акти.

Во септември 2018 година, активистите двапати протестирале на улиците против сѐ поголемата цензура. Од 70-тите до 90-тите години на минатиот век, Кувајт бил издавачки центар, а од оваа држава произлегло и културното списание „Ал-Араби“, кое имало голема читаност во арапските земји, како и многу издадени книги од областа на популарната наука, белетристиката и слично. Меѓутоа,  во последните неколку години, во Долниот дом на кувајтскиот Парламент, доминираат конзервативците кои вршат сѐ поголем притисок за забранување одредени дела.

Ова е уште еден од низата примери низ светот за книги кои се забрануваат и кои стануваат недостапни за пошироката јавност. Ова се случува и во поразвиените земји во светот. За жал, во 21 век, сѐ уште сме сведоци на цензурирање и забранување книги, наместо да оставиме луѓето самите да проценат што е вредно или не е вредно за читање. Како што вели Оскар Вајлд: „Книгите кои светот ги нарекува неморални, се книгите кои на светот му го покажуваат неговиот сопствен срам.“

 

Leave a comment