Како што можеби веќе сте запознаети, Black Friday е термин со кој се означува купувачката треска во САД и на тој ден има неверојатни попусти насекаде. Black Friday или „Црн петок“ се случува веднаш по Денот на благодарноста во САД. Со оглед на глобализацијата, овој тренд почна да се префрлува насекаде низ светот, па така и кај нас.

Книжарница „ТРИ“ одлучи да спроведе акција наречена Book Friday кој, како што велат тие, „се однесува на врските меѓу книгите, книжарниците и љубителите на читањето“.
Во наредните три дена посетете ја книжарница „ТРИ“ и одберете нешто за себе или за вашите блиски. Book Friday започнува денес, па така имате шанса да купите 5 книги за 499 денари, а во петок ќе има намалување на 50% на 10 најатрактивни и најпопуларни книги во издание на „ТРИ“.
Сите наслови кои се дел од акцијата „5 книги за 499 денари“ можете да ги погледнете тука.
За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук.
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук
