Ракописите на Емили Дикинсон

Мајк Кели, куратор во одделот „Архиви и специјални збирки“ на колеџот во Амхерст, дава увид во некои делови од ракописите на Емили Дикинсон, ракописи кои тие ги поседуваат: од поеми напишани на програми за концерти, до хартии од чоколадни бомбони, а тоа ни дава прекрасен преглед на работата на поетесата.

10673299894_fb87c0a678_b

Една од најголемите поволности од дигитализирањето на ракописи е тоа што ни овозможува да ги гледаме овие документи во конфигурации кои би биле невозможни доколку ги гледаме оригиналните документи. Кога луѓето ќе кликнат и ќе ги разгледуваат ракописите на Емили Дикинсон во датабазата на Дигиталните збирки на колеџот во Амхерст, тогаш тие гледаат слики од 12 и повеќе ракописи на Дикинсон.

Како што навлегуваат подлабоко, тие веднаш можат да ја забележат креативната врска која Емили ја имала со хартијата. За да може да се постигне истото ниво на видлива препознатливост со оригиналните ракописи, човек би требало да ја вади секоја папка од кутијата, нежно да ги разгледува сите работи, а потоа да ја бара следната папка или кутија, а тоа одзема многу време.

Иако не се сметам себеси за експерт за ликот и делото на Емили Дикинсон, сепак би сакал да споделам неколку интересни примери од извонредните ракописи на Дикинсон. Оние коишто се заинтересирани да нурнат подлабоко во богатиот свет на истражувања поврзани со нејзините ракописи, би требало да се консултираат со делата на Сузан Хау, Марта Нел Смит, Марта Вернер, Вирџинија Џексон и Александра Сокаридес.

Многу студенти, истражувачи и туристи секоја година го поседуваат Амхерст за да ги посетат домовите на Емили Дикинсон и нејзиниот брат Остин. Иако Дикинсон била активна за време на нејзината младост, нејзината зголемена повлеченост во подоцнежните години му дава на нејзиниот дом уште поголемо значење, особено во однос на нејзината работа.

Необичното парче кое можете да го видите подолу е од особен интерес, уште една од многуте Дикинсови „поеми-пликоа“ кои се фокус на неодамнешната книга „Прекрасни ништожности“ (The Gorgeous Nothings) од Марта Вернер и Џен Бервин. Во овој пример, Дикинсон исекла едно плико на начин што од него останале само дел од основата и делот кој го затвора пликото. Таа го свртила парчето со тоа што делот кој го затвора пликото е најгоре и потоа на него пишува: „Начинот на кој надежта ја гради неговата куќа“. Или да го објасниме тоа подобро, таа пишува поема за куќа на парче хартија кое личи на куќа.

 

10668241386_308e0495b3_b

Уште еден интересен пример за различните видови ракописи на Дикинсон е ова искинато парче од обвивка од чоколадо. Стиховите кои се напишани одзади не се дел од целосна поема: „бара брзина/беа подобри/не, беа безвремени/до подосадни/од подосадни/работи“. Секако дека немаме докази за тоа кога и каде биле напишани овие забелешки со молив, но јас сакам да ја замислувам среде печење или одмарање додека чекала нешто да се испече во рерната.

Дали одеднаш ѝ паднале овие стихови на памет и веднаш го земала првото парче хартија кое ѝ било при рака за да ги запише пред да ѝ одлетаат од умот? Дали мирно ја кинела хартијата, а потоа ги запишала зборовите кои се појавиле во нејзините мисли? Убавината на овие збирки е тоа што никогаш нема навистина да дознаеме, но овој предмет може да поттикне еден тон шпекулации на начин на кој самите стихови, преточени на испечатена хартија, дополнети со академско објаснување, никогаш не би можеле. Она што исто така е интересно е што чоколадо од Париз било достапно во Амхерст, Масачусетс во половината на 19 век.

10668199485_d3a9f36cc8_b

Вештините на Дикинсон околу печење леб се многу добро документирани. Нејзиниот леб добил награда за второ место на еден натпревар во 1856 година. Музејот посветен на Емили Дикинсон во Амхерст постојано служи леб и торта од кокос направена според рецептите на Дикинсон. Ракописот кој можете да го видите на следната слика открива дека таа сакала да прави и крофни. Другата страна од овој лист го именува овој рецепт како „Крофните на Кејт“, иако нема докази за тоа која била Кејт.

10668200405_5c64c16ff7_b

На следната слика на којашто можете да го видите нејзиниот рецепт за торта од кокос, пишува дека рецептот е на госпоѓа Кармајкл, за која знаеме дека била нејзина сосетка. За разлика од „Крофните на Кејт“, на хартијата со овој рецепт Дикинсон ја запишала и поемата „Има неколку работи кои никогаш не можат да се вратат“, а тоа повторно поттикнува шпекулации околу тоа дали поемата првпат оживеала токму на ова парче хартија.

10668200005_5e77529dd4_b

Освен тоа што собирала рецепти од пријатели и соседи, Дикинсон исто така учествувала во различни настани организирани од студентите и од самиот колеџ во Амхерст. Подолу можете да видите копија од програмата за изложба на 26 ноември 1850 година, на која има повеќе забелешки напишани од раката на Дикинсон. Таа напишала и неколку мистериозни забелешки за вечерта: „Оваа ноќ е долга и ќе биде запомнета. Се случија нови работи.“

10668199775_961581bd78_b

Уште едно извонредно парче во оваа збирка е хартијата на која Дикинсон ја напишала поемата позната како „Alone and in Circumstance“. Првите 4 редови од поемата генерално се толкуваат како поставување на сцената во полско веце: Сама во околностите/воздржана да слушнам/пајак на мојата резервираност/грижливо ползеше/“. Посетителите на музејот посветен на Емили Дикинсон можат да видат копија од ова парче хартија, која е обесена на ѕидот на јавниот тоалет. Но, настрана хумористичниот опис за средбата со пајак во тоалетот, ова парче хартија има и мал колаж.

Неупотребена поштенска марка од три центи е залепена на средината на страната, со два внимателно исечени делови од некој текст. Истражувачите го откриле оригиналниот извор на овие два исечоци. Тоа се исечоци од списанието „Харперс Магазин“ од мај 1870 година.  Исечоците се извадени од делот на списанието посветено на книжевни критики, а се поврзани со Жорж Санд. Поштенската марка е од 1869 година и содржи слика од локомотива.

10668261004_026a98e9b2_b

Многу е важно да се напомене дека на Дикинсон никогаш не ѝ недостасувало хартија, поштенски марки, мастило, печати или моливи. Нејзиниот татко и нејзиниот брат биле адвокати, професија чиј составен дел се сите овие продукти, па затоа голем дел од поемите на Дикинсон се токму на традиционална хартија. Па затоа, кога ќе налетаме на чудни парчиња како ова подолу, човек мора да се запраша за нејзините мотиви. Додека обвивката од чоколадо има смисла поради тоа што таа сакала да готви, како би можеле да ги објасниме другите чудни парчиња?

10672070625_17ca016e3c_b

Од сите парчиња хартија, ова е особено интересно. Дикинсон скинала парче од некаков рекламен флаер за киропрактичар. Таа оставила три фрази од оригиналниот флаер: „Не може да уживаш во животот“, „Инстантно олеснување“ и „Ограничено време“.  Дали е ова случајност или овие фрази се некако поврзани со текстот кој Дикинсон го напишала на хартијата: „Две работи кои ги изгубив во Детството…“

10672565503_ca352b22a9_o

Сите оние кои би сакале да нурнат подлабоко во оваа тематика и да ги разгледаат сите 850 ракописи можат да дознаат повеќе и воедно да ги разлистаат ракописите на овој линк.

Текстот е преземен од Public Domain Review, а неговата оригинална верзија можете да ја најдете тука.

Leave a comment