„Приказната на робинката“ на Маргарет Атвуд е едно од нејзините најпознатите дела, кое во последните две години доби уште поголемо внимание благодарејќи на истоимената серија според нејзиниот роман.
Она што сигурно ќе ги израдува обожавателите и на серија и на книгата е што Маргарет Атвуд моментално работи на продолжение на оваа книга, чие дејство ќе се случува 15 години по последната неодредена сцена со којашто заврши првата книга.

Романот „Приказна на робинката“ првпат беше објавен во 1985 година, а неговото продолжение ќе се вика „Сведоштва“ („Testaments“) и ќе биде објавено во септември 2019 година.
Атвуд изјави се решила да го пишува продолжението затоа што била инспирирана од прашањата на обожавателите, како и од светот во кој моментално живееме.
И покрај тоа што моментално се работи на третата сезона на серијата, потврдено е дека оваа книга, т.е продолжението, нема да има никаква поврзаност со развојот на серијата.
