Денес ќе се случи промоцијата на новата книга на Венко Андоновски!

Венко Андоновски без сомнение е еден од најистакнатите македонски писатели, кој ја маѓепса македонската читателска публика со неговите претходни романи „Вештица“ и „Папокот на светот“ кои постигнаа неверојатен успех на македонскиот книжевен пазар.

Оваа година е навистина плодна и успешна за него! По номинацијата за престижната Толстоева награда за книжевност, Венко Андоновски денес ќе ја промовира својата нова книга „Припитомување на кучката“, која е во издание на Издавачки центар ТРИ.

47060077_1961716160789497_6095384081443323904_o

Промоцијата ќе се случи денес, во Клуб-ресторан МКЦ, со почеток од 19:00 часот, а поканети се сите читатели и љубители на пишаниот збор и на творештвото на Венко Андоновски.

На официјалниот настан на Фејсбук вака ја најавуваат книгата на Венко Андоновски:

„Раскази за лудилото? Зар може да се каже нешто ново за лудилото по Едгар Алан По, Е. Т. А. Хофман и Лотреамон, по лудилото на Хамлет или лудилото на Дон Кихот? Или по искуствата со каучот на Фројд и Историјата на лудилото на Мишел Фуко?
Венко Андоновски, во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“, ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тоа се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет. Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно.
„Припотомување на кучката“ е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите македонски раскажувачи.“

Честитки за новиот роман и се гледаме таму!

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук

Leave a comment