Одлична вест за сите љубители на книги, започна Зимски фестивал на книгата во „ТРИ“! Во следните неколку недели, до 31 јануари 2019 година, сите љубители на пишаниот збор ќе имаат можност да ја збогатат својата домашна библиотека со многу книги од „ТРИ“, „Паблишер“ и книги на англиски јазик.

Покрај тоа, на официјалниот настан на Фејсбук, „ТРИ“ најавуваат и промоции на нови наслови и автори. Ова значи дека ќе имаме можност да се подновиме со нови книги, да уживаме во попусти и да си ги најдеме следните книги за читање!
Фестивалскиот каталог можете да го разгледате тука.
*сликата е преземена од официјалниот настан на ФБ
