Предновогодишниот период е најубав за љубителите на книги, затоа што освен прекрасното чувство да седиш стуткан во ќебе, со кафе или чај во раката и да читаш книга, овој период секогаш има големи попусти и интересни акции кои се одлични за освежување на домашната библиотека и наоѓање нови наслови за читање.

Па така, од денес, сѐ до 19 јануари, во книжарницата „Или-Или“ ќе се оддржуваат традиционалните попусти до 70% на нивните изданија во рамките на „Новогодишните книжевни радости“.
Постарите изданија ќе бидат со супер намалени цени, меѓу кои 50-тина наслови ќе можат да се имаат по симболична сума од само 100 денари.
Посетете ја веб страната на www.iliili.com.mk за повеќе информации или пак следете го нивниот официјален настан на Фејсбук.
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук
