Одлична вест за љубителите на книги! Новогодишните попусти не запираат!
Овојпат среќната вест ни доаѓа од „Полица“. До 31 декември ќе имате можност да купите многу книги по намалени цени.

Според информациите на нивната Фејбук страна и официјален настан на Фејсбук, сите изданија на Полица ќе бидат намалени, а попустите ќе се движат некаде од 20% до 50%.
Ова е одлична можност и да ја посетите неодамна отворената книжарница на „Полица“ која се наоѓа веднаш до „Доминос“ во Центар!
Љубители на книги, не ги пропуштајте овие предновогодишни денови за да се подновите со некоја книга!
*сликата е преземена од официјалната страница на „Полица“ на Фејсбук
